ФОТО | Алесандра Амбросио за празниците во Бразил со момчето: Кој би рекол дека има 40 години?

Алесандра Амбросио
Алесандра Амбросио и Ричард Ли / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешниот ангел на „Victoria’s Secret“, Алесандра Амбросио ја дочека Новата година во прегратките на своето момче Ричард Ли.

Фотографите секако, ја детектирале двојката на романтична прошетка и како уживаат на плажата во Флорианополис во родниот Бразил на Алесандро. 40-годишната манекенка и нејзиниот 57-годишен избраник не криејат колку се вљубени, разменувајќи нежности пред сите.

Алесандра покажа завидна фигура и занесни облини во сино бикини, а Ричард, кој исто така е модел, се пофали со прекрасно извајаното торзо.

Двојката ја потврди врската во февруари минатата година, откако беа видени на романтична вечера. Оттогаш тие често се појавуваат заедно во јавноста, а често споделуваат и заеднички фотографии на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Пред Ричард, Бразилката беше во врска со италијанскиот моден дизајнер Николо Оди, а со поранешниот вереник Џејми Мазур има две деца 13-годишната Ања и 9-годишниот Ноа.

Алесандра се занимава со манекенство од тинејџерска возраст, а се прослави со соработката со познати модни куќи, како „Gucci“ и „Pradа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот