ФОТО | Алкохолот ѝ ги уништи кариерата и изгледот: Беше една од најубавите жени во Холивуд, а денес е непрепознатлива
Иако некогаш важеше за вистинска заводничка, денес нема ниту трага од таа убавина…
Легендарната Кетлин Тарнер, која денес има 66 години, откри дека нејзината убавина ја уништила болест, поточно ревматоидниот артритис, но и алкохолот.
View this post on Instagram
Холивудската ѕвезда била отечена од лековите и операциите, но и од големите количини алкохол кои ги консумирала за да ја намали болката, а како последица нејзиниот физички изглед целосно се променил. Таа со болеста почнала да се бори пред повеќе од две децении, а тогаш сите ја нарекувале алкохоличар не знаејќи ја здравствената позадина.
View this post on Instagram
– Бев надуена како балон од лековите. Беше прилично гадно, објасни таа и раскажа дека започнала да пие со цел да се соочи со својата физичка, но и психичка болка.
Вели дека пиела за да ја убие болката. Поради алкохолизмот, имала проблеми и со движењето, не можела да се фокусира, да се облече и сл.
View this post on Instagram
Пред неколку години решила да го промени животот и признала дека влегла во деструктивен круг во кој се заплеткала. Со помош на пријателите и семејството, сега повторно се чувствува добро.
View this post on Instagram
– Најмногу ми помогна пилатесот. Го обожавам!, изјави актерката која е свесна дека никогаш повеќе нема да изгледа како некогаш, порачувајќи им на фановите дека иако реалноста е сурова, тие мора да ја прифатат.
View this post on Instagram