ФИА ја одби жалбата на Ферари

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Германскиот возач е казнет со додавање на пет секунди поради грешката која ја направи и небезбедното враќање на патеката, што значеше и победа за Луис Хамилтон во седмата Ф1 трка сезонава.

Од Ферари ги подготвија сите видео материјали со цел да докажат дека Фетел реагирал според правилата. Но, ФИА не размислува така.

До комисијата беше испратена видео анализа после трката, коментар на Карун Чандхок за „Скај Спорт“, видео за од кацигата на Фетек, сведочење на самиот возач…

Состанокот на претставниците на Ферари и ФИА беше одржан в петок во Франција. Врховното тело одлучи дека нема „позначајни или релевантни елементи кои би ја промениле одлуката“.

Тоа значи дека Ферари уште чека на својата прва победа во 2019 година. Кај возачите води дуото на Мерцедес, Хамилтон (162) и Ботас (133 бодови), трет е Фетел (100). Кај конструкторите Мерцедес (295) е пред Ферари (172).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот