До кога институциите во државата ќе го толерираат хаосот на Маленко?

Денеска прес конференција одржа Националната пливачка федерација предводена од претседателот Александар Филипчев кој уште еднаш потврди дека годинава на 24 април поради незадоволството од работата на ПФМ, согласно Статутот се одржа вонредно собрание на барање на мнозинството водечки пливачки клубови – членки на Пливачката федерација на РФМ.

Беше тогаш донесена одлука за промена на името од Пливачка федерација на РМ во Националната пливачка федерација на РСМ (НПФ), разрешено е старото раководство, избрано е ново раководство и за нов претседател беше Александар Филипчев.

Но, наидоа на проблеми од старото раководство од поранешниот прв човек Александар Маленко кој не изврши примопредавање на сите документи и сега лажно се претставува на претседател на некоја непостоечка Пливачка федерација на Република Северна Македонија (измислено име од него) која не постои никако како правно лице ниту во АМС, ниту во Централниот регистар. Лажно се претставува Маленко и го користи стариот неважечки печат на веќе непостоечка ПФМ.

Прочитајте и...  Бабунски „дрибла“ пелени, Македонецот наскоро на фудбалските терени! (ВИДЕО)

Против него беше поднесена кривична пријава, со неговите постапки во изминатите неколку месеци беше нанесена огромна штета на меѓународен план на државата, Националната пливачка федерација и на угледот на пливачите – спортисти.

Слободен печат

Однесување на Маленко е скандалозно и штетите што ги прави се непроценливи:

Пливачката Миа Блажевска беше остранета од дефиле и нејзиниот тренер суспендиран на Комен Куп, Бугарија.
-Се користеше поимот Пливачка федерација на Северна Македонија во организација на Охридските маратони, но во ЦР не постои таков правен субјект, ниту во податоците на Агенцијата за млади и спорт
-На учесниците на Охридските маратони не е платена ниту една премија на пливачите за кои на адресата на Националната пливачка федерација доаѓат секојдневни поплаки.
-Не е платена котизација за организација за ЛЕН олимписки маратон 10 км, што МОК силно го поддржуваше.
-Александар Маленко на последниот настап на Комен купот го суспендираше пливачот Андреј Стојановски.
Со неважечки печат пушти допис во Лесковац (Србија) каде имаше пливачки митинг за млади пливачи и ги суспендира сите клубови без право на настап во целиот свет.
-Заедно со раководството на МОК, Маленко му ја укина стипендијата (олимписка) на Евгениј Поп Ацев кој годинава имаше огромен успех освојувајќи ја светската титула во ФИНА Ултра Гранд При купот

Прочитајте и...  Каква радост, тренерот на Фрајбург почна да ги „тепа“ сите! (ВИДЕО)

– Колкава штета и срам се нанесени на поединците, на клубовите и на целата држава? –

Се прашуваме до кога институациите во државата ќе го толерираат овој хаос што го прави лицето Александар Маленко и неговите поддржувачи? До кога ќе се прави штета на децата пливачи репрезентативци кои и во вакви услови достојно ја претставуваат државата?

pfm.org.mk

Националната пливачка федерација предводена од претседателот Александар Филипчев упатува апел и до Македонскиот олимписки комитет кој е трипати писмено известен за настанатите промени во Федерацијата, да постапи според фактичката состојба и да упати допис до ФИНА за настанатите промени, а не да става само промени на својата веб страна и да општи со раководството на измислена Федерација што ја нема во ниту еден регистар.

Прочитајте и...  Вернер се посрамоти пред „трансферот“ во Челси! (ВИДЕО)

Зарем такви великани во спортот од типот на Владо Богоевски и останатите се вплеткуваат во вакви игри и уништуваат млади пливачи кои секојдневно тренираат по шест и 12 часа неделно?

Иако ФИНА упати допис до МОК, раководството на МОК се уште нема испратено писмо за настанатите промени во Федерацијата, а е должно тоа да го стори во интерес на сите учесници во спортот.

Се упатува апел до јавното обвинителство каде кривичната пријава против лицето Александар Маленко е процесуирана, да го забрза случајот како би добил судска разврска за да се спречи хаосот и штетите кои ги прави.

Се упатува и апел до Владата на Република Северна Македонија да превземе мерки преку надлежните институции (АМС, МОК, или др.) легитимно се извести Светската пливачка федерација за настанатите промени во пливачката федерација.

Прочитај повеќе

Ќе бидам среќен доколку Фетел премине во Мерцедес

Слободен печат

Ливерпул во Вулверхемптон ќе ја бара замената за Вернер

Слободен печат

На денешен ден замина кошаркарскиот Моцарт 

Слободен печат

УФЦ во проблеми, третата и најголема ѕвезда Мекгрегор заминува во пензија

Слободен печат

Германецот му верува на Михајловски: Дисингер верен на Вардар!

Слободен печат

Шеста рунда, нема заразени во Премиер лигата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Адеми блеска во дресот на Динамо Загреб (ВИДЕО)

Слободен печат

Унгарски борач прележа коронавирус, па почина откако се врати на тренинг!

Слободен печат

Вернер се посрамоти пред „трансферот“ во Челси! (ВИДЕО)

Слободен печат

Неопислива среќа, Ѓоковиќ: Мојот прв тениски рекет! (ВИДЕО)

Слободен печат

Санчо парично казнет поради шишање без маска (ФОТО)

Слободен печат

Баварски час по фудбал во Леверкузен! (ВИДЕО)

Слободен печат