Диета со ориз: Еве како да намалите 7 килограми за само 3 недели

Нејзината намена во тоа време била да го намали крвниот притисок, да го регулира шеќерот, и да ја подобри состојбата на лицата со болни бубрези. Кога оваа исхрана покажала ефекти и на намалувањето на тежината, многу лица започнале да ја користат и за слабеење. Еве една верзија од оваа диета која за три недели ќе ви помогне да намалите од 7 до 10 килограми.

План за исхрана

Појадокот секој ден е ист: Една шоља (порција) варен ориз во вода, без сол или шеќер. За вкус можете да исцедите малку лимонов сок и да додадете малку маслиново масло. Во текот на диетата користете кафеав (интегрален) ориз. За ужинка меѓу појадокот и ручекот јадете парче овошје.

Ручек за првите 7 дена: шоља ориз, шоља грав, грашок или леќа, парче интегрален леб. Користете повеќе зачини, а помалку сол.

Вечера за првите 7 дена: шоља ориз и 150 гр. немасно месо (пилешки или мисиркини гради, свинска кременадла, риба). Месото не го солете, исцедете само лимонов сок. Можете да изедете тенко парче интегрален леб.

Ручек за вторите 7 дена: шоља ориз, парче интегрален леб.

Вечера за вторите 7 дена: шоља ориз и парче интегрален леб.

Третата недела: Следете го планот на исхрана од првата недела со тоа што ќе додадете и една млечна ужинка меѓу ручекот и вечерата (200 мл млеко или малку овошен јогурт).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот