Деталите за разводот на Адел ќе останат тајна, а прекинот на бракот ќе чини многу

профимедиа

Пејачката Адел и нејзиниот сопруг Симон Конецки, како што е познато, минатата годишна решија да се разведат.

Музичката ѕвезда се одлучила на еден чекор, а тоа е да упати барање до судот во Лос Анџелес деталите од нивниот развод да останат во тајност.

Оваа правна установа и излегла во пресрет на пејачката и ѝ го одобрила барањето.

Според неофицијални сознанија, Адел и Сајмон ќе го делат старателството над нивниот седумгодишен син Анџел.

Тоа што донекаде и е познато на јавноста е дека нивниот развод ќе чини дури 170 милиони долари, како и тоа дека парот сака да ја забрза процедурата за крај на бракот, бидејќи не сакаат тој процес да трае со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот