Денеска „навиваме“ за Турција, заслуживме осминафинале на ЕП!

Фото: cev.eu

Кога ќе се врзат две импресивни победи на Европско првенство и осoбено кога ќе се совлада домаќинот и кандидат за висок пласман, тогаш задоволството е огромно или барем би требало.

Македонските одбојкари имаат зошто да се радуваат, но и да стравуваат, сите се надеваме дека на крајот од денот нема да тагуваат. Триумфот пртотив Словенија е голем, некои ќе го наречат и чудо во Љубљана, без разлика каква ќе биде вечерва судбината на нашата репрезентација во Љубљана.

Во трите фантастични сета коишто го „замолкнаа“ Стожице македонските репрезентативци демонстрираа одбојка на врвно ниво, на пример за европско четврфинале, не само за нокаут фаза.

Откако својот дел го завршија на одличен начин, нашите одбојкари сега ќе чекаат на поволен резултат во натпреварот меѓу Турција и Финска. Позитивните и реални опции доаѓаат само од еден правец, од Турција, секоја нејзина победа ќе значи осминафинале за македонската селекција. Во спротивно, славје на Финците ќе го активира правилото сет количник што е најлоша варијанта за нашите одбојкари.

Решавачкиот дуел којшто би можел да ја дополни македонската одбојкарска историја меѓу Финска и Турција ќе се одигра денеска од 20.30 часот со пренос, а претходно од 17.30 часот Словенија и Русија ќе бијат битка за првата позиција со тоа што на „Зборнаја“ којашто е актуелен шампион ќе и одговара и пораз од 3:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот