Одбојкарите ја решија и Словенија, надежта за осминафинале останува

facebook.com/zarkomimoza.ristoski/

Македонската одбојкарска репрезентација од натпревар во натпревар игра се подобро и по вчерашната историска победа над Белорусија, денеска е забележан нов триумф на Европското првенство. Пред налетот на одбојкарите падна домаќинот на група Ц, Словенија која е совладана со 3:1 во сетови и тоа со 26:24, 30:28, 19:25, 26:24. Втората победа по ред ги врати надежите за пласман во осминафиналето, но потребно е Турција да загуби о Белорусија во последниот натпревар во групата.

Натпреварот започна фантастично за избраниците на селекторот Матијашевиќ, со убедливо водство од 6:1, а одбојкарите беа фантастични до самиот финиш. При водство од 23:18 се случи неверојатен пад во играта кој го искристија Словенците да направат серија од 5:0 и да ја вратат максималната неизвесност. Кога беше најпотребно, капитенот Никола Ѓоргиев беше на висина на задачата и донесе водство од 1:0 во сетови.

Вториот сет беше копија на првиот, само со изменети улоги, Словенците го контролираат резултатот и во финишот влегоа со предност од 21:17. И тогаш како да се разбудија одбојкарите, направија серија од 7:1 за водство од 24:22 и две сет топки кои не ги искористија во тие моменти, но сетот го решија во своја корист со 30:28 благодарение на поенот на Љафтов.

Во третиот сет дојде до опуштање на „спартанците“ и ѝ дозволија на Словенија резултатски да се врати во игра откако го доби сетот со 19:25.

Четвртиот сет повторно донесе голема борба и резултатска неизвесност. Словенците повторно имаа предност до самиот финиш кога беа на поен од изранување во сетови бидејќи имаа водство од 24:21. Но, трилер завршниците на сетовите станаа заштитен знак за македонските одбојкари на ова ЕП и со серија од 5:0 го освоија сетот за конечен триумф од 3:1 во сетови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот