Данска „златна“ во Струмица, македонските одбојкари со сребро во Европската лига

Последна проверка за Македонија пред ЕП ќе биде Словачка/Фото: facebook.com/volleyballmkd

Вечерва во салата „Парк“ во Струмица во големото финале на Европската сребрена лига најдобрата македонска одбојкарска репрезентација загуби од Данска со резултат 1:3. Воедно после овој пораз останавме и без учество во Европската златна лига.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ добро го започнаа мечот освојувајќи го првиот сет од 25:23 и за предност од 1:0.

Данците успеаја да израмнат во вториот кој го добија со 19:25, а најмногу неизвесност имаше во третиот кој противниците го добија на два разлика со 25:27.

Во третиот сет нашата репрезентација имаше четири пати позитива од два разлика (17:15, 18:16, 19:17, 22:20), но ривалот не се предаваше и дојде до предност.

Домаќините мораа во четвртиот сет да бркаат израмнување, добар беше почетокот контролирајќи го резултатот во нивна корист (2:0, 3:1, 4:2, 5:3), но брзо се стопи позитивата. Потоа, се играше поен за поен, а еден од клучните периоди на мечот беше кога при негатива од 17:18, Данска направи серија од 5:0 и целосно беше скршен нашиот отпор.

Во победничките редови најефикасен беше Мадс Кјед Јенсен со 32 поени, а за македонската селекција Никола Ѓоргиев реализираше 14. Претходно во борбата за третото место Унгарија со 3:2 беше подобра од селекцијата на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот