Целиот свет зборува за пресметливоста на војвотката од Кембриџ: Миротворката Кејт Мидлтон тактички ги спои поделените браќа

Фото: Профимедиа

 Многумина веруваат дека ова е моментот што би го направил најсреќен покојниот принц Филип…

Како Кејт Мидлтон ги натера принцовите Вилијам и Хари да разговараат повторно: Војвотката од Кембриџ тактички се оддалечи за да можат браќата да разговараат на погребот на нивниот дедо, принцот Филип, а фотографиите го обиколија светот.

Многумина веруваат дека ова е моментот што би го направил најсреќен покојниот принц Филип – отуѓените браќа Хари и Вилијам повторно разговараат, а сето тоа благодарение на пресметливата „миротворка“ Кејт Мидлтон.

Фото: Профимедиа

Имено, принцовите не стоеја рамо до рамо зад ковчегот на нивниот дедо, туку помеѓу нив се наоѓаше нивниот братучед Питер Филипс. Меѓутоа, Вилијам и Хари заедно го напуштија погребот и се чинеше дека долго чекорат со Кејт Мидлтон, која во еден момент само го забави темпото за да ги остави браќата сами.

Трогателната меѓусебна врска помеѓу двајцата поделени браќа стана една од неизбришливите фотографии на денот.

Се чинеше дека принцовите барем привремено си ја подадоа раката на помирување.

Фото: Профимедиа

Помина повеќе од една година откако последен пат беа видени во јавноста, а целата семејна ситуација уште повеќе се вжешти по интервјуто на Опра Винфри каде Хари и Меган изнесоа многу работи за кралското семејство.

Сепак, принцовите Хари и Вилијам конечно се сретнаа, а изгледаа опуштено додека чекореа од капелата до замокот Виндзор, а токму Кејт беше таа која го посла патот на помирување.

Додека сите излегуваа од капелата, принцот Вилијам разговараше со пречесниот Дејвид Конер, додека Хари разговараше со Кејт. Вилијам прво застана пред својата сопруга и братот, но потоа се сврте кон нив за да поразговара со Кејт.

Фото: Профимедиа

Откако тргнаа накај замокот, Хари се потруди да го стаса Вилијам, и извесно време одеше во чекор со својот брат и снаа, додека Вилијам ја симнуваше маската од лицето. Тогаш Кејт стратешки се оддалечи назад за да разговара со грофицата од Весекс и нејзината ќерка леди Луиз – оставајќи ги браќата сами, на мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот