Четири лица претепале овчар во Пробиштип, па го врзале за дрво

Во средата во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 11.30 часот на место викано „Ливади“ во атар на с.Турско Рудари, пробиштипско, четири лица физички го нападнале и го врзале за дрво Г.К.(53) од с.Нивичани, кочанско, кој работел како овчар.

Набргу, тој бил пронајден од Д.Т. од с.Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош. За случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот