Бројките не лажат: Ѓоковиќ далеку пред Надал и Федерер!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

За период од 14 години дури шестпати српскиот ас завршуваше како првопласиран, петпати тоа го направи Рафаел Надал, само двапати Рожер Федерер, а еднаш Енди Мареј.

Имаме уште еден статистички податок кој зборува за моќта и доминацијата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Тој освои неверојатни 121.320 поени од 2007 до 2020 година, што е дури 15.000 повеќе од следниот на листата!

Станува збор за Рафа Надал кој има 106.600 поени. На оваа листа е и Швајцарецот Федерер со 100.625, додека Британецот Мареј е далеку зад ова трио со 71.140 поени.

Ѓоковиќ е во позиција да брка историја, на секој грен слем турнир!

Најубедливата сезона Ѓоковиќ ја имаше во 2015 година кога освои дури 16.585 поени, додека Мареј стигна до 8.945. Таа неверојатна година Ноле запиша 82 победи и шест порази, а освои три грен слем турнири.

– Ѓоковиќ и Тим го одиграа најдобриот меч во 2020 година

Да додадеме уште дека дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Доминик Тим во полуфиналето на Завршниот Мастерс во Лондон е прогласен за најдобар годинава од страна на АТП.

Тим го доби тој меч со резултат 2:1 во сетови 7:5, 6:7 (8) и 7:6 (5), иако Ѓоковиќ во „тај-брејкот“ на одлучувачкиот сет имаше водство од 4:0, и така Австриецот стигна до петтата победа против првиот светски рекет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот