Ѓоковиќ е во позиција да брка историја, на секој грен слем турнир!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Лидерот на АТП-листата ќе беше одамна во историјата на „белиот спорт“ доколку не беше толку добар на теренот, а доказ за тоа е и фактот дека тој речиси обезбеди рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис.

Квалитетот е единственото нешто што го држи во фокусот на тениската јавност, која е премногу често критична кон него и го следи секој негов потег, како на теренот, така и надвор од него.

Српскиот ас беше на удар поради организирањето на „Адриа Тур“, подоцна за дисквалификацијата од „УС Опен“, а потоа и за одлуката да го напушти АТП Советот на играчи и да формира независно здружение на тенисери.

Начинот на кој поминаа овие настани, главно во англосаксонските медиуми, ги коментираше американскиот тенисер Рајли Опелка, која го искажа својот став во врска со работите со кои се соочува Ѓоковиќ.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

– Тонот и начинот на кој се гледаат настаните поврзани со Новак се фрустрирачки. Стоев покрај него кога основаше ново здружение на тенисери. Мислам дека тоа е одличен потег. И покрај сè, ме фрустрира тоа што Новак добива негативни реакции во медиумите, особено за работи кои не се точни – рече Опелка.

Американецот има впечаток дека Ѓоковиќ е добар, пријателски настроен човек.

Новак сега е во позиција да брка историја, на секој грен слем турнир, тој е во трка да биде најдобар досега, но за него не е чудно да стигне до играчите по мечевите, само за да разговара, да праша за здравјето. Ова не е вообичаено во нашиот свет. Не е како да сме пораснати заедно, ние припаѓаме на други генерации – додаде Опелка.

Според него, Новак им посветува многу внимание на момците кои ќе го наследат.

– Тој е многу внимателен кога станува збор за млади играчи. Се грижи и за тенисерките, го интересира сè. Тој сака тенис, го интересира сè што е поврзано со тенисот – се зборовите на Опелка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот