Болт: Никој не може да го надмине мојот рекорд, но има еден фудбалер..!

Фото: twitter.com/Sporf

Атлетичарот од Јамајка во 2009 година постави нов светски рекорд во трката на 100 метри со резултат 9,58 секунди.

Усеин Болт тврди дека никој не може да го надмине неговиот рекорд. Најблиску до тоа беше Тајсон Геј кој истата година истрча 9,68 секунди.

– Мислам дека никој не може до мојот рекорд. Уште нема притисок за надминување на моите рекорди. Беше долг пат, вложив многу труд за да бидам на тој ниво, а мислам дека помогнаа и моите физички предиспозиции, и фактот што сум висок. Ќе треба долг период за некој да повтори такво нешто – рече Болт.

Тој мисли дека неговите успеси не се ограничени на човечкото тело.

– Ограничувањето е само во вашата глава, а луѓето сè повеќе осмислуваат тренинзи за да бидат поефикасни во трчањето – додаде Болт.

Воедно доби прашање дали Кристијано Роналдо е побрз од него во овој момент..

– Кристијано сигурно би победил, тој и натаму е активен. Работи напорно секој ден и за мене е одличен спортист. Тој е секогаш на врвот на својот спорт. Работи многу напорно и секогаш е фокусиран. Мислам дека во моментов би бил побрз од мене – се зборовите на најбрзиот атлетичар во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот