Евровизија - Фото: HANS KLAUS TECHT / AFP / Profimedia

Билетите за финалето на 70. „Песна на Евровизија“ распродадени за рекордно време

Билетите за Евровизија 2026 се распродадени за рекордно време, што покажува колку ова натпреварување е популарно и ја привлекува публика од целиот свет. Билетите за големото финале  биле распродадени за само 14 минути откако биле пуштени во продажба, а сите билети за полуфиналето се распродадени за 20 минути, пренесува „ЕБУ“.

Фановите исто така ги разграбале билетите за двете претпремиери за секое полуфинале и за големото финале. Сите биле распродадени само еден час по стартот на продажбата.

Винер Штадхале – Виена, каде ќе се одржи 70. евровизиски натпревар, има најголем капацитет од сите локации на Евровизија во последните години.

Евровизија 2026 – Фото: Принтскрин/Јутјуб

Мартин Грин, директор на Евровизија, изјави:

– Одзивот беше феноменален. Да се види како секој настап се распродава толку брзо е силен потсетник што претставува „Песната на Евровизија“.

Извршниот продуцент на домаќинот ORF, Михаел Крен, додаде:

– Огромниот интерес потврдува дека Евровизија и понатаму ги собира луѓето, дури и по седум децении. Прекрасно е да се види тоа и уште повеќе не мотивира да направиме навистина посебно шоу. Му благодарам на нашиот партнер за беспрекорно водење на продажбата и се радуваме што ќе го прославиме фестивалот на музика и радост со фанови од целиот свет во мај.

Евровизија останува едно од најголемите светски ТВ музички натпреварувања, а милиони фанови од целиот свет ќе можат да ги следат трите спектакуларни шоуа во живо на јавните медиумски канали низ Европа, како и на официјалниот Јутјуб канал на Евровизија.

Фановите во секоја земја ќе можат да гласаат за своите омилени песни.

35 јавни сервиси ќе испратат свои песни и изведувачи за натпреварување во Винер Штадхале во двете полуфиналиња и големото финале на 12, 14 и 16 мај.

Фаворит пред стартот? Евровизија не е ни блиску, а Израел е веќе прв на обложувалниците

Скандал ја тресе Евровизија! Холандија, Шпанија, Ирска и Словенија го откажаа учеството поради Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот