Скандал ја тресе Евровизија! Холандија, Шпанија, Ирска и Словенија го откажаа учеството поради Израел
Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија ќе го бојкотираат Изборот за песна на Евровизија следната година, откако на Израел му беше дозволено да учествува, објави Би-би-си.
Препорачано
Земјите побараа Израел да биде исклучен поради хуманитарните последици од војната во Газа и обвинувањата за нефер практики на гласање. И покрај повиците за гласање да се одлучи за учеството на Израел, членовите наместо тоа одобрија нов сет правила насочени кон заштита на интегритетот на натпреварот.
Холандскиот радиодифузер „Авротрос“ веднаш објави бојкот на Евровизискиот натпревар во 2026 година, кој треба да се одржи во Виена во мај следната година. Во соопштението, холандскиот радиодифузер рече дека „учеството во сегашните околности е некомпатибилно со јавните вредности што се од суштинско значење за нас“.
Словенечкиот радиодифузер „РТВ“ додаде дека нивниот став исто така „останува непроменет“.
„Неодамнешните измени на правилата не го менуваат нашето мислење. Како јавен радиодифузен сервис, РТВ Словенија е посветена на почитување на етичките принципи и очекува истите правила и стандарди да важат за сите членки на ЕБУ и за сите земји учеснички“, објавија тие.
И ирскиот радиодифузер „РТЕ“ објави дека нема да учествува ниту да ја емитува Евровизија 2026 откако ЕБУ го потврди учеството на Израел.
Радиодифузерот сега наведува дека под сегашните околности – вклучувајќи ја ситуацијаа во Газа и загриженоста за слободата на печатот – натпреварувањето или емитувањето на Евровизија 2026 би било неприфатливо.
Шпанскиот радиодифузер „РТВЕ“ објави дека и Шпанија нема да учествува на Евровизија 2026 откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) потврди дека Израел ќе остане на натпреварот.
„РТВЕ“ претходно изјави дека ќе се повлече од натпреварот во 2026 година доколку Израел учествува. Таа позиција беше потврдена по гласањето на ЕБУ и сега станува официјална. Како резултат на тоа, „РТВЕ“ нема да емитува ниту една од емисиите на Евровизија 2026 – ниту полуфиналето ниту финалето.
Израелскиот претседател Исак Херцог ја поздрави одлуката да му се дозволи на Израел да учествува, опишувајќи ја како „ценет чин на солидарност, братство и соработка, што симболизира победа над оние кои се обидуваат да го замолчат Израел и да шират омраза“.
Тој рече дека е „среќен што Израел повторно ќе учествува на Евровизискиот натпревар“ и изрази надеж дека натпреварот „ќе остане настан што ја слави културата, поезијата и пријателството меѓу народите и прекуграничното културно разбирање“.
Би-би-си, исто така, пишува дека се очекува повеќе земји да се приклучат на бојкотот, споменувајќи го Исланд…


