Израел/ Евровизија - Фото: Maya Levin / AFP / Profimedia

Фаворит пред стартот? Евровизија не е ни блиску, а Израел е веќе прв на обложувалниците

Иако Евровизија ќе се одржи дури во мај оваа година, обложувалниците веќе ги објавија првите прогнози, според кои Израел моментално е водечки фаворит за победа – иако сè уште не е познато кој ќе ја претставува земјата на музичкиот натпревар.

Моментална состојба во обложувалниците за победник на Евровизија – Фото: Принтскрин/ eurovisionworld.com

Како што објави специјализираната страница „Еуровижн ворлд“ (Eurovision World), Израел во моментов има околу десет проценти шанси за победа.

Зад Израел следуваат Шведска со осум проценти, Украина со седум, Финска со шест, Италија со четири проценти, како и неколку други земји со помали изгледи.

Познато е дека Шпанија, Словенија, Ирска, Холандија и Исланд се откажаа од учество на Евровизија, поради одлуката Израел да добие дозвола за натпреварување.

На минатогодишниот натпревар, претставничката на Израел, Јувал Рафаел, со песната „Ќе изгрее нов ден“ (New Day Will Rise), освои прво место во гласовите од публиката, а на крајот заврши на второто место во вкупниот пласман.

Од оваа година важи и ново правило за гласање – публиката ќе може да гласа најмногу 10 пати, за разлика од досегашните 20 гласа.

Јубилејното, 70. издание на Евровизија ќе се одржи во салата „Винер Штатхале“ (Wiener Stadthalle) во Виена. Првото полуфинале е закажано за 12 мај, второто за 14 мај, додека големото финале ќе се одржи на 16 мај. На натпреварот ќе учествуваат 35 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот