Бела Хадид и Адан Бануелос се разделија по две години врска: „Се труди да остане позитивна“
Бела Хадид и нејзиниот партнер Адан Бануелос ја прекинаа врската по две години. Извор близок до парот за „Пипл“ изјавил дека манекенката се обидува да остане позитивна и покрај раскинувањето.
Препорачано
„Фокусирана е на работата и поминува време со блиските пријатели. Сè уште ги процесира емоциите по ракинувањето бидејќи оваа беше навистина сериозна врска“, рекол изворот.
Бануелос минатата година споделуваше фотографии од заедничките прослави на нивната годишнина и роденденот на Бела. На фотографиите беше очигледна нивната блискост, бакнежи, прегратки и држење за раце.
„Октомври стана посебен месец. Тоа е месецот кога Бог те испрати кај мене. Среде целиот хаос и грдотија, ни подари нешто чисто и убаво. Те сакам, душо. Ќе те потсетувам на тоа секој ден“, напиша тој тогаш.
Хадид претходно откри дека Бануелос не бил многу запознаен со нејзината слава кога првпат се запознале.
Инаку, Бела неодамна беше забележана во Њујорк во ретро комбинација со крзнен капут и виклери во косата, а воедно ја промовира и својата најнова улога во филмот „The Beauty“, во кој глумат и Ештон Качер, Ентони Рамос и Џереми Поуп.
ФОТО+ВИДЕО | Најубавата жена на светот: Пет месеци сум трезна, порано не можев да се контролирам
ФОТО | Се одржа најинклузивната ревија досега на „Викторијас сикрет“: Еве ги најдобрите моменти


