ФОТО | Бела Хадид во најпровокативното издание досега: Пристигна на вечера во фустан со засечоци до задникот
Манекенката Бела Хадид сподели серија фотографии од вечера на јахта, каде што уживала во друштво на пријатели. Иако објавата прикажува опуштена атмосфера и добро расположение, вниманието на јавноста најмногу го привлече нејзиниот смел моден избор.
Препорачано
Хадид ја истакна својата фигура во црн, прилепен фустан со целосно отворен грб и длабоки засечоци на задниот дел, под кои се забележувааат танга гакиќички. Комбинацијата ја надополни со црна маска и впечатлив накит, додека косата ѝ беше стилизирана во цврсти, природни бранови, со горниот дел собран со шнола.

Манекенката и нејзините пријателки, кои исто така се одлучиле за елегантни комбинации, уживале во игри со карти, а Бела покажа и детали од украсената маса, на која доминирале карти за играње, сребрени чинии и мартини чаши.
Покрај фотографиите од вечерата, Хадид објави и кадри од патување во потопли краишта. Таа позираше во неколку бикини комбинации кои ја нагласуваат нејзината извежбана фигура, меѓу кои и минијатурно црно бикини, во кој позираше покрај карпи. Дел од авантурата ја вклучувало и нуркањето, па манекенката сподели и фотографии снимени под вода.

Во меѓувреме, Хадид активно ја промовираше својата нова серија „Убавината“ (The Beauty(, чиј автор е Рајан Марфи. Хорор-серијата неодамна ја имаше својата премиера во Њујорк, каде што Хадид зборуваше за советите што ги добила од поискусни колеги, меѓу кои Ештон Качер и Џереми Поуп.
„Ми рекоа многу мудри зборови и ми објаснија дека е во ред да бидеш чуден и поинаков. Понекогаш работите изгледаат непријатно, но на крајот не се. Сите можеме да бидеме различни верзии од себе, и тоа ми беше најважно на сетот“, изјави Бела, додавајќи дека, иако често снимала одделно, колегите ги смета за големо влијание.
Во серијата, Хадид толкува лик на модел впуштен во смртоносен поход, а се надева дека овој проект ќе ѝ ги отвори вратите кон нови актерски ангажмани.
„Би сакала да продолжам со глумата. Ова ми е сон. Ја внесов мојата креативност во моделингот, но навистина ги сакам филмот и актерството“, порача таа.


