Бела Хадид / Модел на ревија на „Долче & Габана“ / Фото: Profimedia

Бела Хадид го искритикува „Долче & Габана“ за расизам на Модната недела во Милано: „Срамно е што брендот сè уште има поддршка“

Манекенката Бела Хадид ја обвини модната куќа „Долче & Габана“ за, како што наведе, „години на расизам, сексизам, предрасуди и ксенофобија“, по интензивните критики што брендот ги доби од јавноста за изборот на модели на ревијата во рамки на Модната недела во Милано, пишува „Дејли мејл“.

Повод за нејзината реакција беше шоуто одржано во саботата, на кое, според многу коментари на социјалните мрежи, на пистата настапија исклучиво бели модели. Хадид ги изнесе своите мислења во коментар под објава на модниот коментатор и инфлуенсер Лијас, изразувајќи зачуденост што и понатаму јавни личности ја поддржуваат модната куќа.

Во видеото што го сподели Лијас, тој остро реагираше на фактот дека „немало ниту еден азиски модел, ниту модел со потемна кожа, ниту Арап, па дури ниту русокос машки модел“ на ревијата.

@ly.as0 bYEEE I wasn’t excpecting anything but this is a new low #magiefondvert ♬ son original – lyas

Под објавата, Бела Хадид напиша дека е „шокирана што луѓето сè уште ја поддржуваат оваа компанија“, оценувајќи дека ситуацијата е „срамна“ и дека тоа одразува поширок проблем со инклузивноста и одговорноста.

Коментарот на Бела Хадид / Фото: Скриншот/Инстаграм

Нејзините забелешки доаѓаат во контекст на долгата низа контроверзии што го следат брендот и неговите основачи, Доменико Долче и Стефано Габана.

Во изминатите години, модната куќа беше предмет на критики поради провокативни и несоодветни рекламни кампањи, навредливи изјави за вештачкото оплодување и родителство, како и обвинувања за културна нечувствителност и расизам, особено во однос на кинескиот пазар.

И покрај честите реакции и повици за бојкот, брендот продолжува да привлекува внимание од јавни личности. Во минатото, меѓу познатите кои соработувале со „Долче & Габана“ се Кајли Џенер, која беше амбасадорка на брендот, и Хејли Бибер, која беше забележана во нивни креации на јавни настани.

До објавата на оваа вест, од „Долче & Габана“ не беше добиен официјален коментар во врска со изјавите на Бела Хадид.

ВИДЕО | Бела Хадид и Педро Паскал собраа 5,5 милиони помош за Палестина и Судан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот