Бела Хадид - Фото: Инстаграм/ Бела Хадид

ВИДЕО | Бела Хадид и Педро Паскал собраа 5,5 милиони помош за Палестина и Судан

Бела Хадид и Педро Паскал заедно со други светски ѕвезди учествуваа на хуманитарниот концерт „Уметници за помош“ (Artists For Aid) во Фонда Театар во Лос Анџелес, наменет за помош на народите на Палестина и Судан, пишува „Дејли стар“. Настанот собрал 5,5 милиони долари, а Бела Хадид на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата и им се заблагодари на сите кои помогнале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

„Собравме 5,5 милиони долари за помош на Судан и Палестина! Беше прекрасна вечер, организирана од мојот драг пријател Мустафа Ахмед, а домаќин беше мојот најнов и најдраг пријател Педро Паскал, со цел да ја подигнеме свеста за овие две итни и меѓусебно поврзани акции за народот на Палестина и народот на Судан“, напиша Хадид.

Таа додаде дека ова е пример за моќта на колективното дејствување и дека навистина ѝ значи кога сочувството се претвора во посветеност.

„Една акција која ми е лично блиска е Палестинскиот фонд за помош на деца. Децата сочинуваат повеќе од половина од населението во Газа. PCRF врши херојска работа обезбедувајќи месечна поддршка за најмалку 6.000 деца без родители, доставувајќи 21 милион литри чиста вода, евакуирајќи стотици деца од Газа и изведувајќи други неверојатни акции. Некои од овие евакуирани деца беа присутни на настанот. Благодарност до сите од срце. Продолжуваме да ги подигнуваме нашите гласови за овие семејства да знаат дека стоиме покрај нив“, напиша таа.

Хадид потсети дека повеќе од 12 милиони Суданци се раселени, а повеќе од 25 милиони луѓе се соочуваат со недостиг на храна. Многу организации, вклучувајќи ги и ОН, ја прогласија ситуацијата во Судан за најголема хуманитарна криза во светот.

„Суданско-американското здружение на лекари (SAPA) мобилизира судански медицински експерти во САД за поддршка на здравствените услуги и изградба на капацитети во Судан. SAPA обезбедува медицински мисии, обуки, залихи и итни интервенции за време на кризи и конфликти. Тие им помогнале на над 100.000 деца под пет години и активно поддржуваат повеќе од 100 болници. Како што вели Варсан Шир: ‘Никој не го напушта својот дом освен ако домот не е во устата на ајкула’. Благодарност до неверојатните уметници кои настапија и го дадоа својот глас за овие цели. Благодарност до сите кои се појавија за човештвото“, истакна Бела.

Сите средства ќе бидат наменети за Суданско-американското здружение на лекари и Палестинскиот фонд за помош на деца, кои обезбедуваат клучна медицинска и хуманитарна поддршка за децата кои живеат во овие земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот