„Викторија сикрет“ 2025 - Фото: Anthony Behar / ddp USA / Profimedia

ФОТО | Се одржа најинклузивната ревија досега на „Викторијас сикрет“: Еве ги најдобрите моменти

По неколку турбулентни години, контроверзии и обиди за редефинирање на својот имиџ, модната ревија на „Викторијас сикрет“ повторно се врати, и тоа со стил и нова силна порака. Ревијата што се одржа синоќа го означи еден од најочекуваните модни моменти во годината, а судејќи според она што го видовме, брендот конечно најде начин да го спои гламурот, со кој се прослави, со духот на новата ера.

На едно место, супермоделите кои одбележаа една ера стоеја рака под рака со новата генерација лица кои ја обликуваат иднината на модата, додека светските музички ѕвезди се погрижија енергијата да не падне ниту за момент.

Џиџи Хадид – Фото: no, Credit line: Anthony Behar / ddp USA / Profimedia

Враќање на иконите

Пистата ја отвори Џиџи Хадид, што веднаш стави до знаење дека нè очекува спектакл. Заедно со неа, по пистата прошетаа и легендарните ангели – Адријана Лима, Кандис Свенепул, Алесандра Амброзио и Џоан Смолс. Враќањето на овие имиња беше вистинска доза на носталгија за „старата добра“ ера на „Викторијас сикрет“, но со нов, освежен пристап. Помалку сексуализирани, погламурозни и помоќни.

Адријана Лима: Anthony Behar / ddp USA / Profimedia
Ирина Шајк – Фото: Anthony Behar / ddp USA / Profimedia

Новата генерација наспроти докажаните ѕвезди

Додека ветераните вратија спомени од златното доба на шоуто, овогодинешниот состав откри и нова генерација „ангели“ кои не се вклопуваат во ниту еден калап за убавина. Меѓу дебитантите беа Енџел Рис, кошаркарката и интернет сензација позната како „Бају Барби“ (Bayou Barbie), потоа Суни Ли, олимписка гимнастичарка и освојувачка на златен медал, и виралната инфлуенсерка Квенлин Блеквел.

Енџел Рис – Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

Посебно внимание привлекоа и Ирис Ло, Палома Елсесер, Ешли Греам, Лила Мос, Алекс Консани, Барби Фереира и новата надеж на светот на модата, Анџелина Кендал, бразилско-новозеландски модел чија кариера моментално доживува огромен подем.

Анџелина Кендал – Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

Кога долната облека се запознава со „ослободувањето“

Иако е моден спектакл познат по долната облека, оваа година фокусот беше ставен на силата, личноста и изразувањето преку различни форми на женственост. „Долната облека се запознава со ослободувањето“, коментираа многумина.

Пистата се менуваше помеѓу сегменти инспирирани од грчката митологија, драматични огнено црвени моменти со латински допир и луксузни, речиси уметнички детали во форма на крилја, тијари и накит што нè потсетија дека ревијата на „Викторијас сикрет“, на крајот на краиштата, е синоним за гламур.

Џасмин Тукс – Фото: Anthony Behar / ddp USA / Profimedia

Еден од најзначајните моменти на вечерта беше појавувањето на Џасмин Тукс, која е првата манекенка која се појави на пистата во одмината бременост, што е можеби најубавиот симбол на новото поглавје на „Викторијас сикрет“Оној што ја слави реалноста, силата и различните форми на женственост. Таа носеше спектакуларен сет инспириран од сирена, со мрежести детали и бисерна конструкција. 

Бела Хадид е една од моделите кои се вратија на иконското модно шоу, а успеа да привлече внимание кон себе со атрактивна црвена комбинација и нова боја на коса. Taa ја затвори ревијата носејќи сребрен градник и гаќички со реси, во комбинација со џиновски бели цветни ангелски крилја.

Бела Хадид – Фото: ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Музика што ја крена публиката на нозе

Како и секогаш, модната ревија на „Викторијас сикрет“ беше вистински спектакл. Музичкиот дел го обезбедија Карол Џи, Медисон Бир, к-поп сензацијата TWICE и легендарната Миси Елиот, која со својата енергија нè потсети зошто е сè уште неповторлива.

Звукот, светлата, кореографијата и емоциите создадоа атмосфера каква што не сме виделе на модните писти долго време. Еуфорична, моќна и позитивна.

Ревија која (конечно) им припаѓа на сите

Она што импресионираше многумина беше чувството за инклузивност. „Викторијас сикрет“ конечно покажа дека гламурот не мора да има едно лице или едно тело. Сепак, иако беше нагласена различноста, некои коментираа дека сè уште има недостаток на застапеност на лицата со попреченост. Што е потсетник дека секогаш има простор за раст.

Но, и покрај сè, едно беше јасно синоќа: модната ревија на „Викторијас сикрет“ повторно го има она што ја направи културен феномен – енергијата, емоцијата и способноста да нè натера да се заљубиме во модата, сцената и идејата за женственост. Само овој пат – помодерно, похрабро и поискрено од кога било.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот