ФОТО+ВИДЕО | Најубавата жена на светот: Пет месеци сум трезна, порано не можев да се контролирам

Бела Хадид / Фото: Инстаграм/Бела Хадид

Најубавата жена во светот, Бела Хадид оваа недела прослави пет месеци трезвеност со забава во Лас Вегас, пишува „Пејџ сикс“.

„Денеска славам пет месеци без алкохол“, напиша 26-годишната манекенка на Инстаграм, објавувајќи видео на кое танцува во казино.

Нешто подоцна, истото видео го објави и на платформата ТикТок, со опис „пет месеци без алкохол“. Фановите ја преплавија со охрабрувачки коментари на објавата, во кои ја искажаа својата среќа за пресвртницата во животот на познатата манекенка.

@babybella7775 months alcohol free♬ Unlock it x better off alone – roxi audios

Исто така, Хадид сподели и неколку фотографии и видеа кои го документираат нејзиното возбудливо патување во Лас Вегас, а на нејзините обожаватели особено им се допадна нејзиниот црвен фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Во јануари 2022 година, убавата манекенка откри дека шест месеци престанала да пие алкохол откако почувствувала дека не може да се контролира.

„Многу пиев. Сакав алкохол и дојдов до таа точка што почнав да откажувам ноќни излегувања бидејќи чувствував дека не можев да се контролирам“, сподели таа.

Хадид ја изрази својата желба да остане трезна во догледна иднина бидејќи откри дека избегнувањето алкохол е подобро за нејзиното ментално здравје. Таа престанала да пие и поради нејзиното физичко здравје, објаснувајќи дека нејзиниот лекар ѝ покажал снимки кои ги откриле негативните ефекти од пиењето врз мозокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот