БАЛКАНСКА ВЕЧЕР: Црвена Звезда, Олимпијакос и Динамо Загреб во групите на ЛШ!

twitter.com/crvenazvezdafk

На првиот дуел во Швајцарија беше 2:2, а и на денешниот дуел немаше победник, Црвена Звезда одигра нерешено 1:1 против Јанг Бојс.

Благодарение на поголем број постигнати голови на гостински терен играчите на Милојевиќ ја остварија целта. Во 59 минута водеа српските шампиони со голот на Вукановиќ, а гостите благодарение на автоголот на Ел Фарду Бен барем останаа непоразени на ова гостување.

https://twitter.com/MovGev9/status/1166445628911685633

Во останатите две средби, Олимпијакос уште еднаш го совлада рускиот Краснодар овојпат минимално со 1:2 и по 19 пат е во европскиот крем, а во групната фаза на ЛШ се најде и Динамо Загреб на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Откако во Хрватска славеа „модрите“ со резултат 2:0, на „Леркендал“ стадионот ремизираа 1:1 против Розенборг.

Домаќините поведоа уште во 11 минута преку Акинтола, но фудбалерите на Бјелица израмнија со прекрасниот погодок на Гојак. Нашиот интернационалец Адеми кој е капитен на клубот го одигра целиот меч.

Црвена Звезда, Олимпијакос и Динамо Загреб одат во групите на ЛШ, а поразените Јанг Бојс, Краснодар и Розенборг ќе играат во групите на Лига Европа.

Лига на шампиони, плејоф

Реванш, во заграда се резултатите од првите натпревари:

Црвена Звезда-Јанг Бојс 1:1 (2:2)
Краснодар-Олимпијакос 1:2 (0:4)
Розенборг-Динамо Загреб 1:1 (0:2)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот