АМС ја објави листата на спортски клубови кои добија ваучери

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Согласно ранг листите и бодовите доставени од страна на националните спортски федерации, Агенцијата за млади и спорт ги објави на својата веб страна Листите за користење на даночно ослободување (Ваучери во спортот) за 2021 година за национални спортски федерации, спортски клубови, активни спортисти и други правни субјекти кои имаат Решение за вршење дејност спорт.

Од Спортските клубови, фудбалскиот клуб Шкендија доби ваучер од 10.800.000 милиони денари, за ракометниот клуб Вардар 1961 вкупно 19 милиони денари, кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром 13 милиони денари, одбојкарскиот клуб Џио Струмица доби ваучер од четири милиони денари, итн.

Од спортските федерации, од екипните спортови ваучер од 16 милиони денари доби Ракометната федерација на Македонија, а ништо не доби Фудбалската федерација на Македонија.

Целосната листа на Ваучерите 2021 за Спортските клубови и правните субјекти можете да ја погледнете ТУКА

Целосната листа на Ваучерите 2021 за Националните спортски федерации можете да ја погледнете ТУКА

АМС нема да го признае Собранието на ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот