Актерот на својот имот ќе прими семејство од Украина „Сакам да им овозможам стабилност“

Актерот Бенедикт Камбербеч вели дека својот имот во Велика Британија ќе го остави на располагање на семејство од Украина.

„Се извлекоа од Украина, го следам нивниот чекор секој ден“, изјави актерот на промоцијата на својот нов филм на која во своите раце носеше украинско знаме.

„За жал, на нив исто така им е потребен и медицински третман – да се каже нешто повеќе за тоа би значело навлегување во нивната приватност, а да се зборува за тоа кога ќе дојдат би било навлегување во мојата. Сакам да им овозможам малку стабилност по се што помина“, додаде тој.


Тој откри и дека понудил финансиска помош за други украински семејства.

„Се обидував да им помогнам и на други украински семејства, оние кои се државјани на Обединетото Кралство, да ги сместат нивните пошироки семејства. Тоа е многу скапо, па помогнав финансиски“, додаде тој. „Го правам тоа како дел од прекрасната добротворна организација „Refugees at Home“, објасни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот