Ако имате проблем со памтењето на своите обврски, Вибер има нова корисна опција за вас

Фото: Вибер

Функцијата се активира со долго притиснување на било која белешка во рамките на My Notes…
Популарната апликација за бесплатна комуникација „Rakuten Viber“ ја претстави новата функција во рамките на опцијата „My Notes“ (Мои белешки), која на корисниците им овозможува да прават потсетници за своите обврски и други важни случувања.

Функцијата се активира со долго притиснување на било која белешка во рамките на „My Notes“ и избор на опцијата „Направи потсетник“.

Следниот чекор е избор на време и датум за потсетникот, како и дали потсетникот ќе се повторува. Кога ќе наместите се, потсетникот ќе се појави на вашиот мобилен телефон во зададеното време.
Новата функција го надополнува веќе постоечкото во „белешките“ кои на корисниците и овозможуваат да:

– прават белешки за обврските, случувањата и други цели.
– да ги означат своите обврски како „обавени“ и да ги сокријат оние кои се завршени.
– да проследат пораки од чатот со други корисници во „My Notes“. Тие пораки ќе содржат информации за тоа од кој разговор настанале, со цел корисникот да може секогаш да се потсети на содржината на разговорот.

Корисниците, со помош на новата опција, ќе имаат преглед на сите свои пораки и потсетници во апликацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот