4 знаци кои ќе ви покажат дека консумирате премногу сол

Преголемиот внес на сол лошо влијае на здравјето на нашето срце и крвните садови, а една од последиците е и зголемен крвен притисок.

Овие знаци покажуваат дека внесувате премногу сол во вашиот организам.

1. Имате проблеми со бубрезите. Натриумот влијае и на функцијата на бубрезите, а преголемата количина на сол и натриум предизвикува создавање на бубрежни камења. Експертите велат дека личностите кои имаат проблеми со бубрезите треба да го ограничат внесот на сол на максимум една мала лажичка дневно, а зависно од тежината на здравствените проблеми, количината би требало да биде уште помала.

2. Одеднаш се чувствувате подуено и потечено. Само еден ден претерување со внесот на сол може да предизвика оток кај луѓето кои имаат забавен организам или здравствени проблеми. Отокот настанува поради акумулација на течностите, а него може да го предизвика големиот внес на натриум кој се наоѓа во солта.

3. Често сте жедни. Храната со висок процент на натриум (чипс, сосови, пица и слично) ќе влијае врз балансот во вашиот организам и ќе ве направи жедни. Кога јадете вакви намирници обидете се да испиете што повеќе вода за на вашиот организам да му го дадете она по кое копнее во тој момент – течност. Ако чувството на жед е ненаситно, тогаш побарајте совет од доктор бидејќи тоа е еден од тивките симптоми на дијабетес.

4. Имате висок притисок. Преголемиот внес на сол лошо влијае на здравјето на нашето срце и крвните садови, а една од последиците е и зголемен крвен притисок.

Совет: Експертите велат дека дневно не би смееле да внесуваме повеќе од 5 грама сол (количина која ја собира во една чајна лажица), а внесот на натриум не би смеел да изнесува повеќе од 2 грама. Кога го солите јадењето, правете го тоа со прсти, а не со соларник бидејќи така полесно ќе ја контролирате количината која ќе ја додадете во храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот