Зошто за Силвана Арменулиќ денес се пишува повеќе отколку кога почина?

Силвана Арменулиќ
Силвана Арменулиќ / Фото: Принтскрин Јутјуб

По премиерата на филмот „Тома“ за животната приказна за легендарниот Тома Здравковиќ се чини дека јавноста ширум Балканот плачеше и се смееше во еден здив.

Едно е јасно, не зависно дали ги знаете песните на Здравковиќ, или знаете само една или две, филмот не остави никого рамнодушен. Многумина, по гледањето на филмот почнаа на големо да се интересираат за споменатите ликови во истиот.

Една од главните протагонисти секако беше Силвана Арменулиќ, која во овој филм е прикажана како големата љубов на легендарниот пејач. А трагичниот настан во кој таа го загуби животот несомнено му даде дополнителна тежина на филмот.

Која е Силвана Арменулиќ, љубовта на Здравковиќ во филмот „Тома“?

Многумина коментираат дека во времето кога се случи оваа трагедија како да не ѝ се придаде доволно внимание на Арменулиќ, колку по премиерата на филмот. Локалните медиуми во 70-тите години внимателно го следеа секој чекор на Силвана и пишуваа за нејзиниот приватен живот, кој беше повеќе од интригантен за пошироката јавност која „жедно“ чекаше „сочни“ детали.

Се до нејзината смрт, кога медиумите пренесуваа за големата трагедија, но се чини во преден план не беше пејачката, туку Миодраг Јашаревиќ, кој во тоа време беше прогласен за најдобриот југословенски виолинист и долгогодишен шеф на националниот оркестар на Радио Белград.

ФОТО | Мистеријата околу смртта на Силвана Арменулиќ: Да не беше таа, немаше да го има ниту Тома Здравковиќ

Ден по трагичната сообраќајна несреќа, на 11 октомври 1976 година големите дневни весници во СФРЈ ја објавија веста за тешката сообраќајна несреќа кај Колар. Во несреќата починаа Силвана Арменулиќ, нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ и виолинистот Миодраг Јашаревиќ во директен судир со камион со новосадски регистарски таблички.

Во тоа време се дозна дека автомобилот бил во сопственост на Силвана Арменулиќ, а истиот во моментот на несреќата го управувал Миодраг Јашаревиќ. Автомобилот бил целосно искршен, бидејќи удрил во долниот десен дел од кабината на камионот. Силвана седела на предното седиште до возачот, а зад неа била нејзината сестра.

Докторот од „Тома“ ги расплака сите! Сопругата на Тома Здравковиќ ја откри вистината за лекарот

Како што пренесоа српските медиуми во тоа време, возачот на камионот Растко Грујиќ по истрагата бил пуштен на слобода.

„Возев со дозволената брзина и во моментот кога го видов автомобилот како ми се приближува, наеднаш почнав да кочам, но беше касно. Почувствував силен удар“, изјавил возачот на камионот.

ФОТО | Мистеријата околу смртта на Силвана Арменулиќ: Да не беше таа, немаше да го има ниту Тома Здравковиќ

Колегата на Силвана, Боки Милошевиќ раскажал кога последен пат ја видел Силвана жива.

„По концертот сакавме да гледаме натпревар, но Јашаревиќ поради работа реши порано да заминат со Силвана и Мирјана. Го молевме да остане, но тој не нè послуша. Пред да заминат, Силвана се жалеше на главоболка. Кога тргнаа, возеше таа, но најверојатно по пат му го отстапила воланот на Јашаревиќ“, открил Боки, пренесува „Телеграф“.

РЕЦЕНЗИЈА: Легендата на Тома Здравковиќ и филмот што се обиде да ја раскаже

Зошто многумина мислат дека на познатиот виолинист му било посветено поголемо внимание?

Имајќи предвид дека целата одговорност за кобната несреќа се препишуваше на оние кои за жал не можат да објаснат што точно се случува, повторно, сестрите Силвана и Мирјана Барјактаревиќ кои исто така загинаа во сообраќајната
несреќа како да пандаа во сенка.

„Смртта на Миодраг Раде Јашаревиќ е непоправлива загуба за нашата народна музика. По Властимир Павловиќ Царевац тој даде печат на една епоха во народната музика. Извонредниот шеф на оркестарот, врвен изведувач и човек, просветен работник и педагог“, изјави тогаш композиторот Ѓорѓе Караклајиќ, додека Силвана беше спомната во мала антологија со наслов „Мајка“, во која пишуваше дека веста за трагичната смрт ги потресе не само членовите на нејзиното семејство, туку и многу граѓани на Добој.

ФОТО | Протече фотографија од погребот на Силвана Арменулиќ, 30.000 луѓе ја испратиле…

Она што исто така треба да се истакне е фактот дека тогашните медиуми не пишуваа толку за смртта на починатата пејачка, како и за нејзиниот погреб на Новите гробишта во Белград, на кој се собра река од народ, колку што се пишува денес.

Па оттука прашањето, дали треба да се случи еден ваков филм за да се оддаде почит на луѓето кои оставиле печат, оставиле длабок белег во колективната меморија?

Видео на денот