ФОТО | Мистеријата околу смртта на Силвана Арменулиќ: Да не беше таа, немаше да го има ниту Тома Здравковиќ

силвана арменулиќ тома здравковиќ
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

По емитувањето на филмот „Тома“, луѓето дополнително се заинтересираа за животот на легендарната пејачка на народна музика Силвана Арменулиќ која загина во сообраќајна несреќа. Бидејќи, како што вели легендата, без Силвана немаше да го има ниту Тома Здравковиќ. Силвана била таа што го препознала неговиот талент, а подоцна го отпеа нејзиниот голем хит „Šta će mi život bez tebe, dragi“, кој Тома го напиша за неа.

Веста која одекна пред 45 години, на 10 октомври 1976 година, ги шокираше сите. И оние кои ја сакаа и слушаа музиката што ја пее Силвана Арmенулиќ, и оние кои не ја слушаа. Таа беше една од оние луѓе кои оставаат без здив и со гласот и со стасот и со харизмата што ја носат во себе.

На 10 октомври 1976 година, на автопатот Белград-Ниш, легендарната пејачка Силвана Арменулиќ, тогаш на 37-годишна возраст трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, кога се враќала од концерт.

Во несреќата починала и нејзината сестра Мирјана Бајрактаревиќ, која била бремена и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека третата сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ, како што еднаш рекла, за влакно ја избегнала смртта.

Зилха Бајрактаревиќ, како што беше нејзиното вистинско име, по кое малкумина ја знаат, загинала на автопатот Белград-Ниш кај местото Колари, враќајќи се од Александровац каде што имала концерт. Со неа тогаш починале и нејзината сестра Мирјана Бајрактаревиќ и виолинистот Раде Јашаревиќ. Некои околности никогаш не се разјаснети, како и зошто тогаш биле само на половина пат до Белград, кога во тоа време требало да бидат дома. Останува мистерија и кој го возел автомобилот…


Сестрата Дина никогаш не го прочитала извештајот од обдукцијата, додека браќата го прочитале. Тие ѝ рекле да не чита. Мирјана била во шестиот месец од бременоста кога починала.

Ќерката на Силвана, Гордана, имала само 12 години кога починала нејзината мајка. Таа не сакала да зборува за овој немил настан, додека нејзиниот сопруг Радмило Арменулиќ еднаш рекол:

– Секогаш ми е тешко кога треба да зборувам за нејзината смрт. Го прифатив она што го пишуваше во полицискиот извештај, а потоа ми рекоа дека можеби и таа била зад воланот. Сите тие приказни поврзани со нејзината смрт ги сметам за кафеански. На секоја годишнина од смртта на Силвана, одам на нејзиниот гроб, а понекогаш и без формален повод. И нашата ќерка Гордана секогаш сама го посетува гробот на мајка ѝ, не сака да оди кога има метеж.

Силвана во 1961 година се омажила за познатиот југословенски тенисер Радмило Арменулиќ, со кого во 1964 година ја добиле ќерката Гордана. Силвана и Радмило се венчале без знаење на нивните родители, а дури откако таа официјално станала негова сопруга, Радмило ја запознал Силвана со своите родители, бидејќи се плашел дека нема да ја одобрат љубовта со пејачка во кафеана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот