Која е Силвана Арменулиќ, љубовта на Здравковиќ во филмот „Тома“?

силвана арменулиќ тома здравковиќ
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Дали сте чуле за Силвана Арменулиќ или тоа име за прв пат излезе од „маглата“ кога го погледнавте филмот „Тома“?

За името Силвана Арменулиќ слушнав уште кога бев уште малечка, од приказните на мојата мајка, додека раскажува како дедо ми отишол на службен пат во Белград, па на неа и нејзиниот брат им донел плоча од „Deep Purple“, но нема да изостави да се почасти и себеси – со плоча од Силвана Арменулиќ, неговата најомилена пејачка. И додека таа тогашна млада и рокенрол генерација денес нè расне нас, генерација на широки и разнолики сетила за музички жанрови, независно од личните преференси секој од нас ги има чуено но и ги препознава и потпевнува стиховите „ночас ми срце пати“ и „шта че ми живот без тебе драги“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @silvana.armenulicc

Приказните за успесите, трагедиите и апсурдите отсекогаш ги следеле животите на естрадните уметници, како некогаш така и сега. Па со осознавањето на тагата на Тома Здравковиќ, надменоста на Силвана Арменулиќ, спонтаната директност на Лепа Лукиќ и шегобијната отвореност на Тозовац преку најновиот биографски балкански хит филм „Тома“, за новите генерации се јавува нова интрига – кои навистина биле овие ликови?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by B A L K A N I S M (@balkanism__)

Па, која била Силвана Арменулиќ?

Еве неколку интересни информации кои не се прикажани во филмот „Тома“.

Која е Силвана? Таа е Зилха.

Етничка муслиманка, родена како Зилха Бајрактаревиќ во Добој, Кралство Југославија, таа била трето од тринаесетте деца во босанско муслиманско семејство. Нејзиниот татко, Мехмед Бајрактаревиќ, имал локална слаткарница и бил боем, од кого таа, ќе каже самата, го наследила својот глас.

Зилха имала брат по име Хајрудин, кој починал околу две недели откако го каснало куче во 1940-тите. По смртта на нејзиниот брат, нејзиниот татко ќе најде утеха во алкохолот и осаменоста, запоставувајќи ги семејството и неговиот бизнис. Откако се затвора слаткарницата на нејзиниот татко, семејството многу страда, а Зилха ќе започне да пее уште од млади години. Некои од нејзините најрани сеќавања биле отсуството на татко ѝ и Втората светска војна, кога мајката Хајрија и децата се криеле во подрумот од усташките трупи.

Силвана и нејзиниот татко

Бајрактаревиќ почнала да пее уште на рана возраст. Уште како дете, таа му пеела на нејзиниот татко додека седела во неговиот скут. Но, кога размислувала да продолжи со професионална пејачка кариера, тој се противел и не ѝ давал поддршка.

Еден ден тој ќе се врати дома по целовечерно пиење, и мавтајќи со раката ќе рече: „Оди! Ако навистина сакаш да бидеш пејачка, оди“. Негувајќи го музичкиот талент континуирано низ школските години, до моментот кога стигнала во осмо одделение, целиот интерес за училиштето е изгубен и се прославува како пејачка во локална кафана.

Тома и клупата во паркот

Во една студена ноќ во Лесковац во пролетта 1958 година, Арменулиќ се шетала низ паркот пред настапот во градината на ресторанот „Хисар“ во хотелот, кога ќе здогледа млад човек како спие на клупа. Тоа е Тома Здравковиќ. Му приоѓа, го буди, седнува до него и започнува разговор. Таа го прашала „Од каде си? Што правиш?“, а тој ѝ рекол дека е од село и дека дошол во градот барајќи работа. Откако не можел да најде работа, скршен без начин да плати карта за дома заспал на клупата. Арменулиќ со желба да му помогне го носи на својот настап, дури во еден момент му го предава и микрофонот.

Според „За друштво у чошку“, напишана од новинарот Александар Гајовиќ, Силвана се зачудила кога го слушнала Тома како пее, и потоа го молела менаџерот  на хотелот да му помогне на Тома да најде работа. Тома почнал да пее со неа, а подоцна таа му овозможила сопствена плоча по што тој сам почнал да снима и да оди на турнеи. Подоцна тој несакајќи ќе ѝ возврати подарувајќи ѝ легендарна песна, а тие двајца станаа легенди на поранешна Југославија.

Седум години љубов… и неверството

Бајрактаревиќ го запознала нејзиниот сопруг, тенисерот Радмило Арменулиќ, во 1959 година кога пеела во казиното Гранд во Белград. Се венчале две години подоцна, на 26 октомври 1961 година, а нивната ќерка Гордана се раѓа на 13 јануари 1965 година. По седум години брак, Радмило наводно ја изневерил Арменулиќ со нејзината блиска пријателка, пејачката Лепа Лукиќ, по што Силвана потоа ќе ја сними песната наречена „Седум години љубов“.

Се верувало дека таа и нејзиниот сопруг се развеле, иако многу години подоцна, Радмило открива дека само се разделиле, но останале легално во брак до нејзината смрт.

Меѓу бракот и семејството…

Арменулиќ била муслиманка, а нејзиниот сопруг Радмило бил Србин, што го прави нивниот брак етнички мешан, во мултиетничка Југославија. Мајката на Радмило, Гордана, не го одобрувала бракот, како и таткото на Арменулиќ, Мехмед, кој дури и одбил да зборува со својата ќерка. Всушност, на Арменулиќ не и било дозволено да влезе во неговиот дом сè до неговата смрт во 1965 година, кога таа се вратила во Добој за неговиот погреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazin (@hellomagazinsrbija)

Вистинската Баба Ванѓа

Во последните неколку години од нејзиниот живот, Арменулиќ станувала сè поопседната со истажување за сопствената судбина, толку многу што научила сè што можела за астрологијата, телепатијата и разговарала со самопрогласените пророци. На почетокот на август 1976 година, само два месеци пред нејзината смрт, кога таа е на турнеја во Бугарија решава да ја искористи можноста да се сретне со мистичната Баба Ванѓа.

Средбата е непријатна. Ванѓа, која беше слепа, само седела и гледала низ прозорецот со грбот кон Арменулиќ. Таа не зборувала. После долго време, Ванѓа конечно проговорила: „Ништо. Не мора да платиш. Не сакам да зборувам со тебе. Не сега. Оди и врати се за три месеци“. Додека Арменулиќ се свртела и тргнала кон вратата, Ванѓа ја пресекла: „Чекај. Всушност, нема да можеш да дојдеш. Оди, оди. Ако можеш да се вратиш за три месеци, направи го тоа“. Силвана го сфаќа ова како потврда дека ќе умре и во солзи го напуштила домот на Ванѓа.

По смртта на Арменулиќ, пријателите изјавиле дека таа често била загрижена за својата судбина. Во октомври 1971 година, Силвана доживеала сообраќајна несреќа која за малку ќе и го одземела животот, а која неоспорливо потсетува на трагедијата што всушност ќе ѝ го одзеде животот пет години подоцна. Три месеци по несреќата, таа изјавила: „Јас сум голем песимист. Се плашам од животот. Иднината. Што ќе се случи утре. Се плашам дека, за мене, можеби нема ни да има утре…”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот