Зошто грашокот треба почесто да биде на вашето мени?

Оваа вкусна намирница често ја бие лош глас поради тоа што предизвикува надуеност во стомакот, но постојат и многу добри причини зошто треба почесто да ја консумирате…

Богат е со влакна

Ако консумирате намирници богати со влакна, чувството на ситост подолго ќе трае. Само половина шоља варен грашок содржи околу 10 гр влакна. Интересно е тоа што при готвењето, вредноста на влакната останува иста.

Го контролира варењето

Грашокот се состои од растворливи и нерастворливи влакна, првиот вид на влакна го забавуваат варењето, што ја продолжува ситоста, а вториот вид спречува опстипација. Малата количина на растворливи влакна може да спречи ненадеен пад на шеќерот во крвта доколку се занимавате со физичка активност.

Го контролира нивото на шеќерот во крвта

Високото ниво на лош холестерол во крвта доведува до тоа тој да се задржува во крвните садови, што предизвикува воспаление и наталожување на масти, како и зголемување на нивото на шеќер во крвта. Консумирајте грашок и одржувајте ја оваа состојба во нормала.

Го штити срцето

Исхраната, која е богата со грашок, е добра за вашето срце. Експертите побараа врска меѓу внесувањето на влакна во огранизмот и појавата на срцеви заболувања и заклучија дека консумацијата на околу 7 грама влакна на ден ги намалува шансите за развој на споменатите болести за дури 9 проценти.

Грашокот е одличен извор на калиум и магнезиум, клучни минерали за здравјето на срцето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот