Златаров, Спасиќ и Небиовски во Топ 3, македонските кајакари на финале од европските купови

Македонските кајакари ќе настапат претстојниот викенд во Осилница, Словенија/Фото: facebook

Во четврток заминуваат македонските кајакари на финале од европските купови каде што реално тројца Македонци може да се најдат на првите три позиции во генералниот пласман.

За овој голем подвиг конкурираат членовите на Кајак клубот Арка-Борец од Велес и кои воедно се репрезентативци на Македонија, Љубомир Спасиќ, Енис Небиовски и Александар Златаров.

Тие во претстојниот викенд (09.10.2021, сабота) во кајак спуст за сениори ќе се натпреваруваат на финалето од европските купови во Осилница, Словенија.

Моментно на првата позиција е Златаров, второпласиран е Спасиќ, а на третата позиција е Небиовски.

Најблиску до нив се Анзе Уранкар од Словенија и Италијанецот Џакомо Абијати.

Тројца Македонци реално може да се најдат во Топ 3 најдобри во европските купови/Фото: facebook
Моментно на првото место е македонскиот кајакар Александар Златаров/Фото: european canoe association
Видео на денот