Замина француската филмска легенда: Почина Ана Карина!

профимедиа

Француската актерка Ана Карина, најпозната по своите улоги во филмовите на легендарниот режисер Жан-Лук Годар, почина вчера на 79-годишна возраст од канцер.

Оваа вест рано утринава ја објави нејзиниот агент. Во текот на 60-те години на минатиот век актерката со бледо лице и големи сино-сиви очи сними седум филма на Годар, во тоа време и нејзин животен партнер.

Карина е позната со своите улоги во филмовите „Жената е жена“, за кој ја доби наградата за најдобра улога во Берлин во 1962 година, потоа „Клео од 5 до 7″, „Да го живееш својот живот”, „Алфавил”, „Кинески рулет”.

профимедиа

Освен како актерка, Ана Карина се појавуваше и како пејачка, и тоа во заеднички настапи со Серж Гинсбург.

Агентот Лаурент Баландрас изјави дека во моментот на смртта покрај неа во болница бил нејзиниот сопруг, американскиот режисер Денис Бери. Министерот за култура Франк Ристер соопшти дека францускиот филм загубил една од своите легенди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот