Заедно додека смртта не ги раздели: Последните земји во светот во кои разводот е забранет

Фото: EPA/ROLEX DELA PENA

Кога би ви кажале дека постојат само уште две држави во светот во кои не постои развод на бракот, на кои земји би помислиле? Некој можеби би помислил дека станува збор за островчиња на Пацификот за кои малкумина слушнале, но ќе се изненадите од одговорот.

Станува збор за две на сите добро познати земји. Забраната во едната има логика бидејќи станува збор за Ватикан, кој е доста специфичен, па многумина не го ни ставаат во ваквите пресметки. Но што се случува – на Филипините?

По Втората светска војна на Филипините разводот едноставно е забранет. Семејството се смета за свето и за столб на општеството кое треба да се зачува, па дури и на овој начин. Тука преовладува ставот дека легализацијата на разводот би го пореметила социјалниот поредок и би ја ослабната институцијата брак.

Фото: Профимедиа

Денес тоа е голем проблем за оние за кои бракот е извор на проблеми, особено за сиромашните жени кои трпат насилство. Но, постојат и многу кои сакаат да започнат нов живот и да добијат слобода на избор.

Она на што со бракот незадоволните Филипинци можат да се надеваат е евентуалното поништување на бракот, но за таа процедура е потребно да се задоволат бројни критериуми, процес кој трае со години и чини многу пари. Постои и опција за раздвоен живот, при што се дели имотот, но сепак партнерите остануваат во брак. Дури и оние кои ќе се разведат надвор од државата ќе се соочат со компликации при враќањето.

Единствена група на која разводот и е овозможен се муслиманите, кои според својот верски закон имаат право на развод од брачниот партнер.

Но, можеби работите наскоро ќе се променат, со оглед на тоа што властите минатата година покренаа иницијатива за донесување на закон кој би овозможил развод за несреќните младенци. Овој потег покрена бурни расправи во земјата.

Бројни Филипинци ја подрржуваат легализацијата на разводот, додека Католичката црква, конзервативците и десничарската партија се незадоволни со таа идеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот