WWF: Мини хидроцентралите не се ефикасни, сите губиме градејќи ги

Светската организација за заштита (WWF) започна кампања против изградбата на мали хидроцентрали на Балканот – „затоа што тоа е игра во која сите губиме“, пренесува Vjesti.me.

WWF вели дека малите хидроцентрали се штетни за животната средина затоа што загадуваат и ги пресушуваат реките, иако црпат енергија од обновливи извори.

-Покрај тоа, малите хидроцентрали (mHE) не се ефикасни – иако во 2018 година им беа доделени 70 проценти од државните стимулации на Балканот, тие произведоа само 3,6 проценти од вкупната електрична енергија. Со изградбата на мали хидроцентрали, секој од нас губи, и тоа повеќекратно – губи реки и ги пресушува националните паркови, ендемските видови риби, плодната почва, работните места и многу повеќевели WWF.

Тие посочуваат дека главниот мотив за изградба на над 50 проекти на 33 црногорски реки е воспоставениот социо – економски неприфатлив и финансиски штетен систем на поддршка за производство на електрична енергија од обновливи извори (ОИЕ).

-Благодарение на овој систем, црногорските потрошувачи, од средината на 2014 година, кога започна да работи првата МЕЦ, па до крајот на ноември минатата година платија 13,4 милиони евра субвенции. Затоа, профитабилноста на овие проекти е крајно голема за инвеститорите, додека граѓаните плаќаат зголемени сметки за електрична енергија и губат природни вредности и ресурси. За да се подигне свеста за сите овие загуби, WWF започна кампања во Црна Гора и регионот за суспендирање на државните стимулации за малите хидроцентрали затоа што без нив повеќето од 2.700 мали хидроенергетски проекти на Балканот беа непрофитабилни, а потоа запрени, наведува WWF.

Извор: Vjesti.me

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот