Вучиќ: Пред нас е тежок период
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска предупреди дека српскиот народ ќе се соочи со големи искушенија во претстојниот период, не само во Косово и Метохија, туку и во целиот регион, а особено во Република Српска, пренесува Српскаинфо.
Препорачано
„Ни претстои тежок период. Ќе има огромни притисоци врз Република Српска. Најмоќните земји во светот ќе бараат исчезнување на Република Српска пред пролет, и сето тоа паѓа на рамениците на Србија“, рече Вучиќ на средбата со косовските Срби во Рашка, организирана поради упадот на приштинските специјални сили на северот Косово и ранувањето на Србинот Среќко Софронијевиќ (36).
На тој собир, Вучиќ истакна дека зад денешниот упад на специјалните сили на РОСУ во Северна Митровица и Звежан, стојат западните сили, односно една голема земја. Тој не сакаше да каже за која земја станува збор, но изјави дека станува збор за сила која припаѓа на земјите на Квинте и не е дел од ЕУ.
ВИДЕО | Ескалира ситуацијата во Косово: Србин тешко ранет во Звечан
Косовска полиција: Во денешната акција повредени 6 полицајци и 3 лица уапсени
ВИДЕО | Ескалира ситуацијата во Косово: Србин тешко ранет во Звечан


