ВИДЕО: Со солзавец и шок бомби косовската полиција изврши рација во Северна Митровица, граѓаните блокираат улици

Принтксрин - Kosovo online

Во северниот дел на Косовска Митровица во тек е акцијата на косовската полиција, која користи шок бомби и солзавец, а неколку стотици граѓани блокираа неколку улици и се слушаат сирени за тревога, пренесува Косово он лајн

Според неофицијални информации, слична акција се случува во Звечан.

Припадниците на косовската полиција, како што се дознава, упаднале во една од градските аптеки каде што ги проверувале царинските документи.

Граѓаните излегоа на улиците , изразувајќи незадоволство од акцијата, а ситуацијата ескалираше кога косовската полиција почна да фрла шок бомби и солзавец.

Косовската полиција издаде соопштение во кое се наведува дека „започнла полициски операции во раните утрински часови со цел да се реализираат стратешките цели во спречувањето на криминалните дејствија, особено во борбата против криумчарење стока“.

Според соопштението, „акцијата се спроведува во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна и Северна Митровица“, пренесува Косово онлајн.

“Сите полициски операции се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и се однесуваат на проверки и претреси на различни локации како што се куќи, станбени, деловни простории, магацини. Како резултат на интензивни акции и професионални дејствија на косовската полиција и Царина, разновидна стока сега е запленета како доказ “, се вели во соопштението.

Косовската полиција исто така изјави дека „во соработка и координација со надлежните органи, тие ќе продолжат да ги спроведуваат своите должности и одговорности на национално ниво, со цел да спречат криминални активности, да спречат шверц на стоки и да уништат криминални групи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот