Косовска полиција: Во денешната акција повредени 6 полицајци и 3 лица уапсени

Косовска полиција / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Шест полицајци се повредени, а тројца се уапсени на крајот од денешната акција на косовската полиција против шверц во северно Косово, соопшти полицијата.

Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица.

Курти, изјави дека на денешната акција на косовската полиција и претходела интензивна истрага и дека е спроведена по наредба и во координација со надлежното обвинителство и суд.  Курти објави дека „се запленети стоки и докази, што претставуваат материјални докази”.

„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат потиснати. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа”, напиша Курти.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово.

Реакцијата на Борел доаѓа по денешните акции на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот