ВИДЕО | Ескалира ситуацијата во Косово: Србин тешко ранет во Звечан

Во Звечан предмалку ранет е Србин од огнено оружје, во моментов се наоѓа во болница и е во тешка состојба, објави Косово онлајн.

Оттаму велат дека полесно е повреден уште еден српски граѓанин.

– Повредата беше нанесена од огнено оружје, тој беше застрелан во пределот на градите. Неговото рамо и реброто беа повредени, ние се подготвуваме за операционата сала за да го отстраниме куршумот. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во сериозна состојба, рече хирургот Златан Елек, директор на КБЦ Косовска Митровица.

Во меѓувреме, припадниците на косовската полиција почнаа да се повлекуваат од Звечан, а на пат беа забележливи чаури направени од боева муниција.

Инаку, како што веќе објавивме денеска во северниот дел на Косовска Митровица, косовската полиција изврши акција, каде беа искористени шок бомби и солзавец, а неколку стотици граѓани блокираа неколку улици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот