Вучиќ ги обвини критичките медиуми дека „го уриваат уставниот поредок“: Добро е што постоите, ги подгревате чувствата на моите поддржувачи
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во настап исполнет со контрадикторности, навреди и отворени обвинувања, говореше за телевизиите „Н1“ и „Нова“, тврдејќи, од една страна, дека „никогаш не помислил“ да ги забрани, а истовремено обвинувајќи ги за „уривање на уставниот поредок“ и за „лагите“ кои, како што вели, наводно ги мобилизираат неговите поддржувачи, се наведува во текстот на „Н1“.
Препорачано
Во претходно излагање, пишува „Н1“, Вучиќ истовремено се претставува себеси како заштитник на медиумските слободи, иако отворено тврди дека власта „одамна можела да ги забрани“ овие телевизии и дека тој и неговите соработници „никогаш не ги допреле“.
Во исто време, користејќи речник на делегитимизација, се вели во текстот на порталот, обвинувајќи ги „Н1“ и „Нова“ дека „шират омраза“, дека „лажат за мртви деца“, како и дека се „крадци кои меѓусебно се тужат“.
Удар врз медиуми што го критикуваат Вучиќ: Ботски напад го собори инстаграм-профилот на „Н1“
Вучиќ дополнително изјави дека за власта е „добро што постојат Н1 и Нова С“, бидејќи, како што тврди, без „нивните лаги“ немало доволно „емоции“ во неговите редови, па затоа тие медиуми треба „да се чуваат како малку вода на дланка“.
Иако тврди дека „не влегува во сопственичките односи“, се додава, Вучиќ јавно ги квалификуваше деловните партнери како „крадци“.
Ова е уште една во низата изјави во кои претседателот, заклучува „Н1“, наместо да одговара на прашања за политичка одговорност, систематски ги таргетира независните медиуми, ги релативизира притисоците и нападите врз новинарите и истовремено се претставува како единствена брана од нивното наводно гаснење.


