Илустрација Фото: Profimedia

Удар врз медиуми што го критикуваат Вучиќ: Ботски напад го собори инстаграм-профилот на „Н1“

Инстаграм-профилот на српскиот портал „Н1“ денеска беше изгасен поради координиран хакерски напад, објави „Н1“.

Профилите на „Слободен печат“ беа цел на координиран ботски напад — читателите масовно нѐ поддржаа

Редакцијата на „Н1“ веднаш стапила во контакт со техничката поддршка на „Мета“ и работи на итно враќање на профилот, кој со години е еден од најважните извори на доверливи и нецензурирани информации за публиката во Србија, велат од порталот.

„Ова не е изолиран инцидент, туку уште еден во низата притисоци врз слободните медиуми и граѓанските иницијативи. Во последните недели беа изгасени или компромитирани инстаграм-профилите на други медиуми, на студентски групи во блокада, а профилот на движењето ‘Крени промени’ беше отстранет пред само неколку дена – сето тоа во момент кога социјалните мрежи стануваат клучен канал за ширење информации надвор од контролата на режимот,“ се наведува во текстот.

Содржините на „Н1“ и понатаму може да се следат нивната веб-страница, како и преку официјалните профили на другите платформи како „Икс“ и „Фејсбук“.

Профилите на „Слободен печат“ беа цел на координиран ботски напад — читателите масовно нѐ поддржаа

За потсетување, официјалните профили на „Слободен печат“ на „Инстаграм“, исто така, се цел на координиран ботски напад.

Во рок од неколку секунди на 6 ноември под една објава беа испратени над 100 идентични коментари со зборот „лајк“ (like) од сомнителни профили, најмногу од странство. Истата појава продолжи и под следните објави, со стотици коментари од профили кои немаа никаква врска со нашата публика.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) поднесе официјална пријава до единиците за сајбер-криминал при МВР, откако на Инстаграм-профилот на „Слободен печат“ беа забележани сомнителни активности, нетипични коментари од неавтентични профили и нагло намалена видливост на објавите, што укажува на малициозен онлајн напад врз медиумот.

Здружението на новинари поднесе пријава до МВР за малициозен онлајн напад врз профилите на „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот