Слободен печат - лого
Слободен печат - лого/Фото: Методи Здравев

Профилите на „Слободен печат“ беа цел на координиран ботски напад — читателите масовно нѐ поддржаа

Ботовите можеби привремено го забавија алгоритмот, но вистинската публика го засили гласот на „Слободен печат“ бидејќи нападот, кој требаше да го ослаби медиумот, всушност ја потврди неговата сила. Тоа што требаше да биде напад се претвори во доказ дека зад „Слободен печат“ стои заедница што верува во вистината, слободата и во независното новинарство.

Официјалните профили на „Слободен печат“ на „Инстаграм“ беа цел на координиран ботски напад.

Во рок од неколку секунди на 6 ноември под една објава беа испратени над 100 идентични коментари со зборот „лајк“ (like) од сомнителни профили, најмногу од странство. Истата појава продолжи и под следните објави, со стотици коментари од профили кои немаа никаква врска со нашата публика.

Како резултат на тоа, платформата „Мета“ автоматски активираше т.н. „шедоу бен“ (shadow ban) — ограничување на видливоста на нашите објави. Овој напад имал јасна цел — да се намали видливоста на „Слободен печат“ и да се поткопа довербата во медиумот.

И покрај целата хаварија, објавите во кои транспарентно ја споделивме вистината пред јавноста предизвикаа рекордна поддршка од читателите.

За 12 часа над 8.000 луѓе ја сфатија состојбата во која се наоѓаме и масовно делуваа на конкретната објава на која ги замоливме да ни помогнат со интеракција. Тоа предизвика органскиот досег, преку сторињата и објавата, да остане исклучително висок, и покрај ограничувањата од алгоритмот.

Ботовите можеби привремено го забавија алгоритмот, но вистинската публика го засили гласот на „Слободен печат“ бидејќи нападот, кој требаше да го ослаби медиумот, всушност ја потврди неговата сила. Тоа што требаше да биде напад се претвори во доказ дека зад „Слободен печат“ стои заедница што верува во вистината, слободата и во независното новинарство.

Не сме вложиле ниедно евро во рекламирање на нашиот профил на Инстаграм, кој со години важи за еден од најавтентичните и најследените медиумски профили во Македонија. Сè што сме изградиле – од првиот следбеник до многутемина следбеници денес – е резултат на осум години искрена работа, посветеност и љубов. За првпат откако постоиме се соочуваме со ваков низок удар, но токму во тие моменти ја почувствувавме можеби најголемата поддршка досега.

Цела ноќ пристигнуваа нотификации, пораки и коментари со зборови на охрабрување – и сè уште пристигнуваат.

Им благодариме на сите што споделија, коментираа и испратија пораки – ги имаме најдобрите читатели, луѓе коишто вистински се грижат за постоењето на „Слободен печат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SLOBODEN PECAT (@slobodenpecat)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот