Џеф Безос и Лорен Санчез/Актерите од „Ѓаволот носи Прада 2“/Фото: Doug Peters / PA Images / Profimedia /EPA/TOLGA AKMEN

Во „Ѓаволот носи Прада 2“ се потсмеваат на Безос и Санчез? Оние што го гледале филмот изнеле „докази“

Модниот свет е во шок откако филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ наводно ги исмејал милијардерот Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез откако тие ја финансирале Мет гала. Освен нив, најголемиот моден настан го спонзорираат и Ана Винтур, Бијонсе и Никол Кидман.

Некои тврдат дека Безос и Санчез ќе се најдат во незгодна ситуација на најголемата модна ноќ, бидејќи Мет гала има силна поврзаност со филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ – за кој многумина тврдат дека ги претставува токму нив, пишува „Дејли мејл“.

Иако изнесувањето на дејствието на филмот е сè уште под ембарго, оние што го гледале филмот тврдат дека постојат сличности помеѓу Санчез и ликот на Емили, која ја игра Емили Блант.

Во продолжението на фимот, Емили го напушта „Рунавеј“ и работи за „Диор“. Очајна да се искачи на општествената скала, таа излегува со милијардерот Бенџи, кој го игра Џастин Теру. Многумина велат дека неговиот лик наликува на комбинација од Елон Маск и Џеф Безос.

Откако се збогатил, неговиот лик почнува раскошно да троши пари на својата партнерка. Неговата прва сопруга ги користи парите од разводот за да им помогне на другите, што многумина ги потсетило на поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот.

Освен тоа, Емили и Бенџи ќе го разгледуваат купувањето на „Ранавеј“, што многумина го протолкувале како алузија на гласините дека Безос и Санчез се обидуваат да го купат издавачот на „Вог“.

Портпаролот на Емили Блант ги негирал овие тврдењата.

Инаку, на Мет гача се очекува доаѓањето на актерската екипа на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“.

Стигнува продолжението на култниот филм што пред 20 години го освои светот, објавени се првите кадри

ФОТО+ВИДЕО | Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“: Мерил Стрип и Ен Хатавеј се враќаат во светот на високата мода

ФОТО+ВИДЕО | Иванка Трамп и нејзиното семејство пристигнаа во Венеција за свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот