Стигнува продолжението на култниот филм што пред 20 години го освои светот, објавени се првите кадри
По цели 20 години откако светот се заљуби во култниот филм „Ѓаволот носи Прада“, конечно доаѓа и неговото продолжение. Првите фотографии и видеа од сетот веќе кружат на интернет и фановите се воодушевени.
Препорачано
Во новиот дел повторно ја гледаме фантастичната Мерил Стрип како строгата и бескомпромисна Миранда Пристли. Емили Блант овојпат е моќна ривалка, а Ен Хатавеј се враќа како Енди Сакс, но сега во многу пософистицирано и самоуверено издание. Се враќа и Стенли, кој беше еден од омилените ликови во првиот филм.

Приказната повторно се врти околу светот на модата и магазинот „Ранавеј“, но овојпат во време кога печатените медиуми се во криза. Миранда се бори да го спаси своето модно царство, додека односите со поранешните асистентки добиваат нова димензија.

Модата, секако, останува во прв план. Ако во првиот филм сите ја паметиме трансформацијата на Енди и легендарните „Шанел“ чизми, сега гледаме уште поизразен, корпоративен и моќен стил, модерни кроеви, впечатливи костими, елегантни чанти и гламурозни вечерни фустани.

Посебно внимание привлече сцената инспирирана од престижната Мет Гала, каде што Миранда носи спектакуларна црвена креација што веќе се коментира на социјалните мрежи.

Судејќи по првите реакции, нè очекува вистински моден спектакл. Премиерата е најавена за 1 мај, а фановите веќе ги одбројуваат деновите.


