Во Драч запленет танкер со руска нафта, се истражуваат каналите и шверцерите

Танкер со руска нафта запленет во пристаништето Драч/Фото: Скриншот

Брод со либиско знаме полн со големо количество нафта е блокиран во пристаништето Драч бидејќи не доставил сертификат за потекло на нафтата, соопштија албанските власти.

Во рамки на полициската акција „Ембарго“ задржан е бродот кој пловел под либиско знаме и превезувал 22.500 тони нафта, под сомнение дека документација која ја поседува е фалсификувана, со намера да биде прокриумчарена во Албанија.

„Ора Њуз“ дознава дека до оваа фаза од истрагата единствено лице што може да биде приведено е капетанот, рускиот државјанин Алексеј Смазнов. Што се однесува до остатокот од екипажот на бродот, нивните пасоши им се одземени.

Танкерот со нафта за која постои сомневање дека доаѓа од Русија остана на море, додека полицијата и обвинителството во Драч ја спроведуваат истрага, а голема е веројатноста наскоро да биде приведен и капетанот на бродот Алексеј Смазнов.

Истражната група, под раководство на Обвинителството во Драч, продолжува со длабинските истраги, со цел што е можно поцелосно да се документира оваа незаконска активност и идентификување на инволвираните правни и физички лица во овој наводен шверц на руска нафта во Албанија.

Според првичните информации нафтата ја нарачал албанскиот бизнисмен Пиро Баре, кој додека бродот влегувал во водите на Јадранското Море, доставил документација до царината на пристаништето Драч, но документите биле проблематични и цариниците не му го дозволиле увозот и покренале истрага за целиот случај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот