Илустративно фото: JACK GUEZ / AFP / Profimedia

Четворица загинаа во авионската несреќа во Хрватска — авионот направил спирала и се урнал

Неколку луѓе загинаа денеска во пад на мал авион во близина на спортскиот аеродром Медулин во Хрватска, а околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, пренесуваат хрватските медиуми.

Според пилотот Нијаз Делиќ, авионот од непознати причини се свртел спирално за време на приближувањето кон аеродромот и се урнал во близина на депонија. Тој вели дека сè уште не знае што претходело на несреќата и посочи дека луѓето во авионот дошле од Австрија и оти леталото требало да слета на спортскиот аеродром во Медулин.

„Зборуваме за луѓе кои дошле од Австрија. Не знам како се случила несреќата. Од причини што ми се непознати, пилотот, кој инаку е искусен и кој требало да слета на спортскиот аеродром Медулин, направил спирала над депонијата Каштијун и се урна во земјата. Тоа се единствените информации што ги имаме“, рече Делиќ.

Извештајот за несреќата бил примен во 11:18 часот, а сите служби за итни случаи веднаш биле испратени на местото на настанот.

„На 4 јуни, во 11:18 часот е примена пријава за пад на мал авион во областа Кампанож, во близина на аеродромот Медулин. Извештајот е потврден, сите служби за итни случаи, полиција, брза помош и пожарникари, се на местото на настанот и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти Полициската станица во Пула.

„Индекс.хр“ дознава дека четири лица загинале, а дека се трага по уште две. Околностите на несреќата сè уште се утврдуваат.

ВИДЕО | Авион се урна на автопат во Италија, има загинати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот