A. Фетаи во Бангкок, Тајланд / Фото: Фејсбук / Арбен Фетаи

Владата ќе го праќа во Брисел Арбен Фетаи, откако покажа „добро владеење“ — не одеше на работа, а земаше државна плата

Довчерашниот вицепремиер задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, кој со месеци не одеше на владини седници, а земаше плата, ќе биде испратен во Брисел како специјален владин претставник, најави денеска копретседателот на Вреди и градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

Фетаи пред неколку дена поднесе оставка на вицепремиерската функција, откако повеќе од два месеца не доаѓаше на владините седници, а во меѓувреме објавуваше слики од патување во Тајланд.

„Фетаи даде оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да заземе нова функција“, рече Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Во оставката до премиерот, Фетаи изрази благодарност за укажаната доверба да ја врши функцијата вицепремиер за добро владеење, но додаде дека во сегашните околности „веќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност“, не објаснувајќи што значи тоа. Тој додаде дека заминува „со крената глава и чиста совест“.

Вицепремиерот Фетаи не остави ни своја слика во кабинетот — недозволено владеење на одговорниот за добро владеење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот