Арбен Фетаи / фото: Влада на РСМ

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка – совеста му била чиста, заминувал со крената глава

Потпретседателот на Владата, Арбен Фетаи, официјално поднесе оставка од својата функција во Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски.

Тој ја објави оставката на Фејсбук и порача дека од функцијата заминува со крената глава и со чиста совест.

„Денеска на премиерот му ја предадов мојата оставка од должноста на вицепремиерот одговорен за добро владеење. Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да служам на земјата, придонесувајќи за реформите насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да. Заминувам со крената глава и чиста совест. Ова е добро смислена одлука, донесена со убедување дека во сегашните околности ова е најправедно и најдостоинствено нешто. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа со мене за време на ова патување. Посебна благодарност до мојот тим, меѓународните партнери, граѓанското општество и граѓаните кои ми дадоа сила и мотивација на секој чекор. Сервисот кон јавниот интерес не завршува кога завршува функцијата“, напиша Фетаи во оставката.

Подобро да си во опозиција, отколку кукла во влада, смета Таравари

Вицепремиерот Арбен Фетаи добил смртна закана на службениот мејл

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот