Подобро да си во опозиција, отколку кукла во влада, смета Таравари
„Период на маргинализација и нефункционалност“ – вака Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците, го опиша периодот кога неговата партија беше во владината коалиција.
Препорачано
Тој во емисијата „Вин-Вин“ на Телма проговори зошто ја напуштиле оваа коалиција.
„Нашата идеја на почетокот на 2024 година беше многу добра – им кажавме на Албанците дека се потребни промени по 22 години власт на ДУИ“, изјави Таравари, потсетувајќи дека коалицијата Вреди успеала да освои 107.000 гласови и да ја исполни својата главна цел – испраќање на ДУИ во опозиција.
Сепак, ентузијазмот брзо згаснал. Според неговите зборови, по само десет месеци владеење, партијата се соочила со суровата реалност. Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ извршила „тотална маргинализација“ врз нивните кадри каде повеќето директори на Вреди биле зависни од замениците директори.
„Вреди е само еден декор во владата, колку да се каже дека има и албански претставници, а да немаат никаков импакт и никакво влијание“, посочи Таравари.
Фатмир Лимани одговори на прашањето од Вреди – што барал на маса со Али Ахмети на ифтар?
Според Таравари подобро е да си во опозиција отколку да бидеш кукла во владата.
„Јас карактерно не можам да бидам кукла во една влада… Да бидеш дел од систем којшто е нефункционален е идиотизам“, рече Таравари.
Тој е опстимист и не мисли дека нешто загубиле како партија дури и конечно раздвојувањето со Зијадин Села го смета за одамна завршена работа иако печатите судски дури сега се расчистени, и порачува дека голема опасност за државата е дистанцирањето од ЕУ рефомите и застој на процесите, особено што останавме зад Албанија и Црна Гора во аутсајдерско друшто со Србија, БИХ и Косово.
„Прераспределба на кадри“ на ифтарски вечери кај тројца премиери


